Советот на Европа бара Хрватска итно да го прекине полициското насилство над мигрантите

Од:

Советот на Европа бара од Хрватска да го прекине колективното протерување и полициското насилство над илегалните мигранти, за што долго предупредуваат домашни и странски невладини организации.

Здруженијата, кои им помагаат на мигрантите ја обвинуваат владата за нехуман однос на безбедносните силит кон мигрантите од Блискиот исток, кои преку Хрватска се обидуваат да стигнат до побогатите земји на Западна Зевропа.

Загреб тие обвинувања ги отфрла, тврдејќи дека има една од најобучените европски полиции која професионално ги чува хрватските, а воедно и надворешните граници на ЕУ.

– Ги повикувам хрватските власти да отворат, итна, ефикасна и независна истрага за сите забележени случаи на колективно протерување и наводи за насилство над мигрантите, како и други кривични дела, како кражби и да ги преземат сите неопходни мерки, со цел да се стопира и спречи таквото однесување, напиша комесарката за човекови права на Советот на Европа Дуња Мијатовиќ во писмо до премиерот Андреј Пленковиќ.

Според УНХЦР, Хрватска од почетокот на 2018 година, колективно протерала 2.500 мигранти. Од нив 1.500 пријавиле дека не им било одобрено барањето за азил, а 700 се пожалиле на физичко насилство и на кражба на пари и мобилни телефони.

Би можело да ве интересира

Контроверзниот хрватски пејач Томпсон продаде невројатни 280 илјади билети за концертот во Загреб

Хрстиќ: Подготвени сме да примиме на лекување уште повредени од пожарот во Македонија

Двајца повредени од пожарот во Кочани пристигнаа на лекување во Загреб

Цвијановиќ ги повика Хрватска и Србија да одржат нови преговори за Дејтон

ВИДЕО: Акцијата за спасување на Костелиќ во Црна Гора траела пет часа, објавени снимки

Црногорската војска го спаси Ивица Костелиќ од морето кај Улцињ