Советот на ЕУ не дозволува објавување на нон пејперот за прекројување на границите на Западен Балкан

Од:

Генералниот секретаријат на Европскиот совет го држи „под клуч“ неофицијалниот документ во врска со контроверзниот „нон-пејпер“ за смена на границите на Западен Балкан, јави австриската агенција АПА.

Агенцијата информира дека побарала пристап до документот, но била одбиена. Регионални медиуми објавија дека нон-пејперот наводно е дело на словенечкиот премиер Јанез Јанша, иако тој негираше такво нешто.

„По детална проверка, мора да ве информираме дека не можеме да ви дадеме пристап до тој документ“, гласи одговорот од Генералниот секретаријат на Советот на барањето на АПА, поднесено согласно европската регулатива за слободен пристап до информации. Советот оценил дека објавувањето на овој документ ќе ги загрози меѓународните односи. Документот во моментов е доставен само до таа институција.

Според словенечкиот портал „нецензурирано.си“, кој го објави непотпишаниот документ со предлози за нови граници на Западен Балкан кон средината на април, словенечкиот премиер Јанез Јанша стои зад „нон-пејперот“. Тој тврди дека словенечките власти немаат ништо со тоа и демантира некаква вклученост, но АПА потсетува дека во нон -пејперот се посочува дека доколку предлозите за промена на границите на Балканот стасаат до јавноста – документот мора да биде негиран.

Словенија на 1. јули го презема претседавањето со Европската унија и најави дека сака поголемо внимание да посвети на приблужувањето на Западен Балкан кон Унијата.

Би можело да ве интересира

Кој ќе добие над 50.000 евра мора да е јавно објавен – Одобрени шест милијарди евра за Западен Балкан

Анита Петровска Рајковиќ

Анкета на ИРИ: 43 отсто од Србите, 27 отсто од Македонците и 25 отсто од Црногорците го обвинуваат Западот за војната меѓу Русија и Украина.

Предраг Петровиќ

Усвоена заедничка изјава на лидерите на Западен Балкан на Конференцијата на високо ниво „Раст и конвергенција на Западен Балкан”

Џафери на Конференцијата во Тирана: Планот за раст и Заедничкиот регионален пазар се клучни за забрзано членство во ЕУ

Преку проект на Светската банка ќе се модернизираат и ќе се поврзуваат платните системи на Западен Балкан

О’Брајaн: Граѓаните ќе имаат јасен избор во претстојните месеци, помеѓу визијата за движење кон Европа и нешто сосема друго