Соренсен: ЕУ ќе и помогне на БиХ

Од:

Шефот на Делегацијата на Европската унија во Босна и Херцеговина, Петер Соренсен денеска изјави дека ЕУ ќе ги вложи сите можни напори и во краткорочна и во долгорочна смисла, за да и помогне на државата да заздрави од катастрофалните поплави.

Соренсен наведе дека БиХ нема да биде оставена сама.

– ЕУ целсно и активно ќе се посвети на пружањето на помош на БиХ со цел да се отстранат краткорочните и долгорочните последици. Веднаш одговоривме на барањето на властите на БиХ кои пристигнаа во Центарот за итни интервенции на Европската комисија, посочи Соренсен.

avtoPoplava

Тој додаде дека тим на Цивилната заштита на ЕУ е распореден во БиХ, а во моментот службите на ЕК работаат на изработка на пакет помош за БиХ.

– Првиот чекор, секако, е проценка на штетата. ЕУ ќе го продолжи својот активен ангажман во согласност со ситуацијата, потенцира Соренсен.

Би можело да ве интересира

Големи поплави зафатија делови од Мека и Медина во Саудиска Арабија

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

(ВИДЕО) Силно невреме во Грција: На неколку места е прогласена вонредна состојба

Горан Наумовски