Судот во Турција денеска ги осуди на 18 години и пет месеци затвор сопственикот и архитектот на хотелот „Исијас Гранд“, кој се урна во земјотресот во 2023 година, кога загинаа 72 лица.
Сопственикот на хотелот Ахмет Бозкурт и неговиот архитект Ердем Јилмаз се осудени, додека синот на Бозкурт, Мехмет Фатих, е осуден на 17 години и четири месеци затвор, јави „Би-Би-Си“.
Тројцата беа осудени за „предизвикување смрт или повреда на повеќе од едно лице од свесно невнимание“.
Owner and architect of Turkey quake collapse hotel jailed – They received hefty sentences after 72 people were killed when the building fell in the 2023 quake. via @BBC https://t.co/xWRICbQs5y pic.twitter.com/PaFbe830ft
— 🌊💙 Viking Resistance HQ 💙🌊 (@VikingFBR) December 25, 2024
6 Şubat depreminde, aralarında KKTC’li sporcuların da olduğu 72 kişinin hayatını kaybettiği Grand İsias Hotel davasında karar çıktı
Hotel sahibi Ahmet Bozkurt, 18 yıl 5 ay hapse mahkum edildi#gündem https://t.co/ZXs7du8SRx pic.twitter.com/kAyfRnmWUd
— Patronlar Dünyası (@patronlar) December 25, 2024
Повеќе од 50.000 луѓе загинаа во Турција и Сирија во земјотресот од 6 февруари 2023 година. Околу 160.000 згради се урнаа или беа сериозно оштетени, оставајќи 1,5 милиони луѓе без покрив над главата.