Сопругата на Акис Цохаѕопулос побегна од затворска болница

Од:

Вики Стамати, сопруга на поранешниот грчки министер за одбрана Акис Цохаѕопулос, побегнала од затворската психијатрска клиника во Атина, каде ја издржува казната затвор од 12 години, на која беше осудена во 2013 година поради перење пари.

Според грчката полицијата, таа побегнала од болницата преку скршениот прозорец на нејзината соба.

Стамати е префрлена во болницата од затворската ќелија, откако била подложена на хирушка интервенција., по што имала сериозни проблеми со здравјето. Прво преживеала нервен слом, а подоцна се обидела и да изврши самоубиство, па од затвор била префрлена во психијатриска клиника.

Пет пати досега, Стамати има поднесено барање да биде пуштена од затвор, поради нејзиното нарушено здравје, но сите жалби биле одбиени од судот.

Сопругот, Акис Цохаѕопулос во 2013 година беше осуден на 20 години затвор за земење поткуп при склучувањети зделки за Министерството за одбрана. Неговиот случај и судењето на неговаа сопруга во Грција и во европската јавност беа означени како најголемиот корупциски скандал во земјата досега.

Тој беше министер за одбрана од 1996 до 2001 година и во тој период земал мито при набавката на еден руски ракетен систем и купувањето на германски подморници. Вака земените пари биле префрлани на сметки во оф-шор банки низ светот.

Акис Цохаѕопулос беше минисер и мошне влијателен функционер на тогаш силната грчка партија ПАСОК.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Се надевам дека нема да има промена во надворешната политика на Северна Македонија

А1он

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос