Припадниците на Армијата, полицајци и просветните работници денеска ги примија вакцините против Ковид-19 во специјализираниот објект на белградскиот саем и со ова беше означен почетокот на масовната имунизација во Србија.
Објектот е поделен во четири зони во кои минуваат луѓето кои треба да бидат вакцинирани, им се мери температура, ги проверува лекар кој според проценката на здравствената состојба дава дозвола за вакцинацијата.
Во објектот на белградскиот саем дневно може да бидат вакцинирани по 1200 лица. Паралелно со овој во главниот српски град има уште 17 вакцинални пунктови.
Вчера во Србија во 17 општини беа отворени кол центри преку кои на лицата повозрасни од 65 години им се нуди помош за пријавување за вакцина како и превоз до вакциналниот пункт.