Снегот предизвика големи проблеми во Хрватска, а особено во Загреб

Од:

Зимската служба во Загреб, како и другите надлежни служби и претпријатија, постигнаа само делумен успех во борбата против снежните врнежи, кои, барем во Загреб, го соборуваат рекордот со речиси 60 до 70 сантиметри снег.

Додеда улиците се расчистени и превозот со возила се одвива без проблеми, освен што некои ридски автобуски линии мораа да бидат укинати, во трамвајскиот сообраќај владее вистински хаос.

Трамваите на многу делници, како и во центарот на градот не возат, па затоа луѓето одат пешки, при што само дел од печашките патеки се расчистени. Најлоша е состојбата во Нови Загреб, каде е прекинат трамвајскиот сообраќај, а многу линии во градот возат со скратени делници.

Од синоќа работата на зимската служба ја координира градоначалникот Милан Бандиќ, додека шефот на градската канцеларија за итни ситуации Павле Калиниќ мобилизира 1.000 лица, од кои многумина работеа целата измината ноќ.

Додека патиштата се главно расчистени, па меѓународните автобуски линии возат редовно, железничкиот сообраќај е во хаос. Многу локални возови не возат, а откажани се дури 15 приградски возови. Заради тоа брзите и експресни возови ја преземаат нивната улога и застануваат на секоја станица, што го зголемува доцнењето.

Заради снегот и неповолните услови нема настава во четири основни училишта во околината на Загреб, во Хрватско загорје нема настава во 11 основни и четири средни училишта, додека училиштата во Меѓугорје вооопшто немаат настава, бидејќи 80 отсто од учениците на училиште доаѓаат со автобуси.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

Хрватите следната недела ќе ги бојкотираат банките и телекомуникациските компании

Доставувач на Волт врши нужда во ходникот на зграда во Хрватска

Предраг Петровиќ

85 училишта во Хрватска добија исламистички закани, во истрагата се вклучи и Европол

Конечна пресуда: Иво Санадер не е воен профитер

Евакуација на училишта во Хрватска, добиле закани за бомби