Според словенечкиот министер за финансии, Урош Чуфер нивната држава се уште е подготвена сама да ги решава своите проблеми и не е под никаков притисок за да бара помош.
-Не чувстуваме никаков притисок. Спротивно, сите знаат дека имаме многу пари на сметките и дека до сега сме подготвени своите проблеми да ги решаваме сами-изјави тој по доаѓањето на неформалното заседание на Еврогрупите во претстолнината на Литванија.
Европската централна банка наводно е заинтересирана Словенија да бара финансиска помош во рамките на Европскиот стабилизациски механизам, објави германскиот весник „Ханделсблат“.
За Словенија веќе подолго време се шпекулира како за кандидат на кој што му е потребна финанскиска помош, поради проблематичниот банкарски сектор.
Елена Георгиевска