Словенечката полиција приведе седумчлена група која од Романија од 2009 година, довела најмалку 23 девојки кои потоа биле приморани на проституција.
Девојките биле присилени да се занимаваат со проституција во два локала на подрачјето на Горње Радгоне, соопшти полицијата во Мурска Собота.
Приведените се осомничени за злоупотреба со проституција и трговија со луѓе, а за тројца осомничени одреден е притвор, прецизира шефот на крим- полицијата во Мурска Собота, Бојан Роус.
Притвор е одреден за 50-годишник од подрачјето на Горње Радгоне, за кој и претходно постоело сомневање дека се занимава со организирање проституција, неговата партнерка , 26-годишна државјанка на Романија и 38 -годишник од Мурска Собота.
Завршната операција полицијата ја изведе минатата недела, кога двајца полициски соработници ги исконтактирале осомничените и им понудиле 3.000 евра за две девојки, кои криминалната група ги довела од Романија.
На девојките, осомничените им ветувале вработување како келнерки и танчерки во Словенија, а потоа ги присилувале на проституција и им одземале дел од заработените пари. Од 2003 година , проституцијата во Словенија не се смета за кривично дело.
Елена Георгиевска