Словенија продолжува да ја користи вакцината на АстраЗенека без ограничувања на возрасните групи

Од:

Словенија ќе ги укине ограничувањата за вакцината против Ковид-19 на АстраЗенека, така што во иднина сите луѓе, без оглед на возраста и полот, можат да се имунизираат со неа, освен ако не станува збор за особено ранливи групи луѓе со хронични болести.

Овој предлог на словенечката Влада ѝ го дале експертите од нејзиниот научен совет за коронавирус.

Според словенечката телевизија, медицинско советодавно тело се водело од мислењето на Европската агенција за лекови (ЕМА), која минатата недела, по анализа, повторно утврди дека вакцината е безбедна и ефикасна и оти придобивките од неа се многу поголеми од можните ризици. ЕМА наведе дека употребата на вакцината треба да продолжи и покрај ретките појави на згрутчување на крвта.

Некои членки на ЕУ и покрај таквиот став на европскиот регулатор, ги задржаа или воведоа одредени ограничувања за групи во популацијата кои ќе се вакцинираат, додека Словенија во последните недели ја користеше вакцината на британско-шведската компанија за имунизација на населението на возраст од 60 до 65 години.

Во иднина, вакцината на Астра Зенека во Словенија може да ја користат сите групи, освен хронични болни со висок ризик, а оние што ќе одбијат имунизација со неа кога ќе им дојде редот, ќе мора да чекаат подолго, односно да застанат на крајот од редот, јавија словенечките медиуми.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Мал авион исчезна над Словенија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг