Словенечкиот шеф на дипломатија, Карл Ерјавец изјави дека американскиот амбасадор во Љубљана му гарантирал дека службите на САД не ја шпиунирале нивната држава.
По повод аферата за која што последните денови пишуваат медиуми, дека НСА шпиунирала дури и институции на ЕУ, Ерјавец на членовите на парламентарниот одбор за надворешна политика им нагласи дека вчера американскиот амбасадор во Словенија, Џозеф Мушомел му пренел дека според неговите информации Словенија не е прислушкувана.
Но, тој му додал дека таа работа се уште треба да се провери. Според Ерјавец тешко е да се оцени како аферата за наводни шпиунски активности на САД ќе делува врз односите на ЕУ и Америка.
Елена Георгиевска