Словенија назначи министер за дигитализација

Од:

Словенија избра нов министер во владата на Јанез Јанша, а на предлог на премиерот, Парламентот го потврди Марко Борис Андријаниќ за таа позиција, кој ќе ја предводи новоформираната владина служба за дигитална трансформација.

Андријаниќ, 38-годишен адвокат, со магистратура по јавна политика од Оксфорд, има меѓународно искуство и знаење, работел во „Убер“ и на разни проекти во Белгија, САД, Естонија и други земји.

За предлогот на премиерот, кој сака да ја забрза дигитализацијата во која Словенија заостанува, гласаа 46 пратеници, додека 45 беа против.

– Дигитализацијата ја гледам како тимски спорт, во неа мора да биде вклучена целата политика и целото општество, рече Андријаниќ во презентацијата пред пратениците.

Дигитализацијата е еден од приоритетите во програмата за обновување и издржливост на Словенија, која треба да добие грантови од 1,8 милијарди евра и 705 милиони евра поволни кредити од истоимениот фонд на ЕУ.

Во програмата веќе одобрена од Европската комисија, Словенија ќе намени 42,4 проценти од вкупните средства за „зелената трансформација“, а 21,4 проценти за реализација на дигиталните цели.

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски