Словенија најави Закон за гласањето преку Интернет

Од:

Словенија ќе донесе закон со кој ќе се овозможи електронско гласање, а гласањето преку Интернет за првпат ќе се примени на локалните избори во есента идната година, најави словенечкиот министер за внатрешни работи Грегор Вирант.


Вирант на прес конференција во Љубљана го претстави планот според кој веќе идната година во пет општини во Словенија ќе биде извршено пробно електронско гласање на редовните локални избори, пренесува Танјуг.  


Овој начин на гласање, со кој се зголемува учеството на гласачите, на национално ниво ќе се примени за првпат во 2015 година, кога се предвидени следните редовни парламентарни избори.


Носител на проектот за воведување електронско гласање е Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски