Словенија ја отстранува жичената ограда од границата со Хрватска

Од:

Новата словенечка влада има намера до крајот на годинава да ги отстрани антимигрантските физички бариери од шенгенската граница со Хрватска, за што наскоро ќе направи оперативен план, јави СТА.

Отстранувањето на привремените технички бариери е еден од приоритетите на Владата, потврдија од Министерството за внатрешни работи за словенечката новинска агенција, истакнувајќи дека планот е да се спроведе до крајот на годинава, со прецизирање на оперативните детали до крајот на овој месец.

Според податоците на словенечкото МВР, Словенија кон Хрватска има 135.372 метри панелна дрвена ограда и 60.595 метри жица, за чие поставување досега потрошила 23,25 милиони евра, а за одржување уште 3,6 милиони.

Поставувањето почна во екот на мигрантската криза во 2015 година и периодично се надополнуваше, а жицата беше заменета со панелна ограда.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Контроверзниот хрватски пејач Томпсон продаде невројатни 280 илјади билети за концертот во Загреб

Хрстиќ: Подготвени сме да примиме на лекување уште повредени од пожарот во Македонија