Словенија ја отстранува оградата од границата со Хрватска

Од:

Новата словенечка Влада планира да ги отстрани противмигрантските физички препреки од границата со Хрватска до крајот на годината. Наскоро ќе се направи и оперативен план, информацијата е потврдена за агенцијата СТА.

Станува збор за еден од приоритетите на Владата, а оперативните детали ќе бидат прецизирани до крајот на месецот.

Како што покажуваат податоците на словенечкото Министерство за внатрешни работи, Словенија кон Хрватска има 135.372 метри панелни дрвени огради и 60.595 метри жилет жица, за чие поставување, досега, потрошени се 23,25 милиони евра. За одржување пак, дополнителни 3,6 милиони.

Поставувањето започна во екот на мигрантската криза од 2015 година. Одвреме навреме се надополнуваше, а жицата е заменета со панелна ограда.

Како што беше потребно јавна набавка за поставување на оградата, така ќе биде потребна и за нејзиното отстранување.

Министерката за внатрешни работи во новата Влада на Роберт Голоб, Татјана Бобнар, неодамна изјави дека физичките препреки на границата со Хрватска ќе бидат заменети со камери и дронови, за да се спречат мигранти илегално да влезат во земјата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Контроверзниот хрватски пејач Томпсон продаде невројатни 280 илјади билети за концертот во Загреб

Хрстиќ: Подготвени сме да примиме на лекување уште повредени од пожарот во Македонија