Словенија изгласа нова влада

Од:

Словенскиот парламент вечерва доби нова влада од левиот центар на премиерката Аленка Братушек.

Парламентот со 52 гласа „за“ и 35 „против“ ја избра новата влада со што заврши процесот на формирање на 11–та словенска влада.

Кабинетот од 12 министри, вечерва положи заклетва и се очекува во наредните денови да ги преземе должностите од конзервативната влада на Јанез Јанша, која ја изгуби довербата поради корупцискиот скандал

Приоритет на новоизбраната влада ќе биде заживување на стопанството и спасување на банкарскиот сектор.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски