Словенија и Хрватска во обид за решение на спорот со „Љубљанска банка“

Од:

Шефовите на дипломатиите на Словенија и на Хрватска Карл Ерјавец и Весна Пусиќ, ќе разговараат утре во Брисел за да направат обид за постигнување договор за спорот со поранешната „Љубљанска банка“, кој го оддолжува ратификувањето на договорот за членство на Хрватска во ЕУ во словенечкиот Парламент.

Пусиќ изрази оптимизам за претстојната средба и оцени дека тонот на Ерјавец исто така добил „позитивен призвук“.

Словенечкиот министер за надворешни работи изјави дека на средбата со Пусиќ ќе разменат мислења и ќе се договорат по принципот како да го решат спорот за „Љубљанска банка“, за да може во февруари словенечкиот Парламент да го ратификува договорот и Хрватска да се присоедини кон Унијата на 1 јули годинава, како што е планирано.

Според дел од хрватските медиуми, исклучително важно е договорот да биде ставен на дневен ред колку што е можно побрзо, бидејќи Словенија е соочена со предвремени избори поради бурната политичка ситуација во земјата, и ако Парламентот биде распуштен, договорот нема да биде ратификуван навреме.

Претставници на ЕУ повеќепати предупредуваа дека тоа би било катастрофа не само за Хрватска, туку и за Словенија и за целата ЕУ, и бараа двете земји итно да најдат решение за долгогодишниот спор.

Пред распаѓањето на поранешна Југославија, околу 430.000 Хрвати имаа депозити во словенечката „Љубљанска банка“, која банкротира во 90-те години. Потоа Хрватска обештети две третини од штедачите во износ од околу 270 милиони евра и сега бара Словенија да и ја врати таа сума.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Контроверзниот хрватски пејач Томпсон продаде невројатни 280 илјади билети за концертот во Загреб

Хрстиќ: Подготвени сме да примиме на лекување уште повредени од пожарот во Македонија