Словенија и Хрватска пред Арбитражниот суд во Хаг

Од:

Словенија и Хрватска денеска ќе ги изнесат аргументите на усната расправа пред Арбитражниот суд во Хаг за решавање на граничниот спор, а на почетокот, како што е најавено ќе присуствува и потпретседателот на хрватската Влада, Весна Пусиќ.

Вршителот на должноста министер за надворешни работи на Словенија, Карл Ерјавец ќе допатува во Хаг во петок.

Усната расправа денеска и утре ќе ја почне Хрватска. Словенија првпат ќе ги изнесе своите аргументи в четврток, а постапката ќе трае до следниот петок.

По паузата за време на викендот ќе има уште еден круг, Хрватска повторно ќе има право на збор во понеделник и вторник, а Словенија ќе има завршно обраќање в четврток и петок.

Согласно Спогодбата за арбитража, усната расправа, која не е отворена за јавност, е последен дел од постапката за арбитража, која Хрватска и Словенија ја избраа како средство за мирно решавање на спорот за границата. На крајот од расправата, како што се очекува ќе биде објавено соопштение за јавноста.

Според арбитражната Спогодба, Судот ќе одлучува за линијата за морската и копнената граница меѓу Хрватска и Словенија, за врската на Словенија на отворено море, како и за режимот за употреба на релевантните морски подрачја, а резултатот не може да се очекува пред летото во 2015 година.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

Хрватите следната недела ќе ги бојкотираат банките и телекомуникациските компании

Доставувач на Волт врши нужда во ходникот на зграда во Хрватска

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

85 училишта во Хрватска добија исламистички закани, во истрагата се вклучи и Европол

Конечна пресуда: Иво Санадер не е воен профитер