Словенија и Хрватска го потпишаа договорот за решавање на спор околу „Љубљанска банка“

Од:

Словенија и Хрватска денеска го потпишаа договорот за решавање на стариот банкарски спор, отстранувајќи ја на тој начин пречката која се закануваше да го блокира членството на Загреб во ЕУ.

Хрватска се очекува да се приклучи кон ЕУ на 1 јули и денешниот договор го отвара патот Словенија да го ратификува договорот за членство на својот сосед во Унијата до овој датум.

Двете поранешни југословенски републики долги години се во спор за штедните влогови во поранешната словенечка „Љубљанска банка“ од времето на СФРЈ.

Со договорот, кој го потпишаа премиерите на двете држави, се предвидува Хрватска да ги повлече тужбите против Словенија по ова прашање, кое конечно ќе се реши како дел од преговорите за наследството на СФР Југославија со помош на Банката за меѓународни порамнувања.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Контроверзниот хрватски пејач Томпсон продаде невројатни 280 илјади билети за концертот во Загреб

Хрстиќ: Подготвени сме да примиме на лекување уште повредени од пожарот во Македонија