Словенија го суспендира Шенгенот и ја враќа граничната контрола со Хрватска поради војната во Газа

Од:

Италија воведува гранични контроли на границата со Словенија, а Словенија сега треба да ја воведе истата мерка и на границите со Хрватска и Унгарија. Ова го пренесуваат словенечките медиуми повикувајќи се на неофицијални извори од Владата.

Според неофицијални информации, словенечката влада утре ќе одлучи Словенија да воведе гранични контроли со Хрватска и Унгарија и за тоа ќе ја информира Европската комисија. Причините, како што се наведува, се спречувањето на тероризмот и организираниот криминал и промената на безбедносните услови во Европа и на Блискиот Исток.

Според словенечките медиуми, мерките треба да траат најмалку два месеци.

Истите мерки Италија ги воведува и во Словенија. Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедоси вчера вечерта телефонски го информирал словенечкиот министер за внатрешни работи Боштјан Поклукар за привременото суспендирање на Шенген и воведување гранични контроли.

Според нивните изјави, министрите на Словенија и на Италија се согласиле дека западнобалканската рута, која внимателно ја следат словенечките и италијанските безбедносни служби, може да биде атрактивен коридор за потенцијална радикализација. „Министерот Боштјан Поклукар ја истакна неопходноста од привремен карактер и пропорционалност на оваа мерка. Тој го повика својот италијански колега Пјантедози дека мерките мора да бидат пропорционални и пријателски кон нашите граѓани за да не се нарушат културните, пријателските и семејните врски на луѓето што живеат долж границата“, додаваат од МУП.

Двајцата министри се договориле набрзо да се сретнат шефовите на полициските директори и да се договорат како точно ќе се спроведува мерката, а потоа истите или слични мерки да се применат на границата на Словенија и Хрватска.

Од денеска и Австрија ја промени контролата и тоа на границата со Чешка. Таа одлучи да го стори тоа откако Германија воведе гранични контроли со Чешка, Полска и Швајцарија поради илегалната миграција.

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

Влезот во ЕУ ќе се наплаќа 7 евра: Нови правила и крај на слободниот премин