Словенија ги забрани Тито, комунистите, пионерите и слични работи

Од:

АБЦ портал – Мостар

Духот на одлуката на словенечкиот Уставен суд, според која, секое величење на комунистичкиот тоталитарен режим е противуставно, не се спроведува по својата смисла во целост, изјави за словенечката новинска агенција СТА, претседателот на Уставниот суд, Мирослав Мозетиќ, потенцирајќи дека во некои словенечки јавни училишта децата се уште знаат да ги облечат како „Титови пионери”, што е спорно бидејќи со тоа се се величи поранешниот режим.

Забрането именување на улици по Тито

Најголемата улица во Љубљана се до 1991 година се викаше „Титова“, но потоа беше преименувана. Градоначалникот на Љубљана Зоран Јанковиќ, верувајќи дека многу Словенци мислат дека Тито заслужува улица во словенечкиот главен град, една нова улица ја именува „Титова“, што потоа беше оспорено пред Уставниот суд, кој го забрани именувањето на улиците по поранешниот југословенски претседател.

– Името Тито не го симболизира само ослободувањето на територијата на денешна Словенија од фашистичката окупација во војната, туку е и симбол на повоениот тоталитарен режим кој беше одбележан со грубо кршење на човековите права и основните слободи, се наведува вп одлуката на Уставниот суд за спорот околу љубљанската „Титова“ улица, донесена со едногласна одлука на сите судии.

Именувањето на новите улици и плоштади по покојниот маршал во Словенија со таа пресуда е забрането како противуставно славење на поранешниот режим, со додавка дека тоа не значи оти улиците и плоштадите, како и локациите во градовите кои го задржале старото име и по осамостојувањето и демократизацијата на државата, треба да бидат укинати ако граѓаните така сакаат.

Облекувањето на учениците во Титови пионери е „насилство над децата”

Нови именувања на улиците по Тито, нема, но сеедно имам чувство дека таа пресуда на Уставниот суд не се почитува доследно, рече Мозетиќ во разговорот по повод завршетокот на својот деветгодишен мандат како уставен судија.

Тој додава дека со законот од 2011 година, кој не го наведува само Тито, туку и тоталитарниот режим, произлегува дека е противуставно кога државни тела и органи наметнуваат вредности кои се спротивни со оние запишани во Уставот, како што се човековото достоинство, слободата и демократијата.

Мозетиќ наведе дека забележува дека во некои словенечки јавни училишта децата се уште ги облекуваат како „Титови пионери” и дека тоа е спорно, бидејќи всушност на тој начин се оддава чест на поранешниот режим.

– Таквото славење на поранешниот режим е посебно проблематично бидејќи се работи за деца кои за тој период не знаат ништо. Можеби на децата им се чини дека се убави кога ќе им стават пионерски капи и марами, но тука всушност се работи за насилство врз децата, рече претседателот на словенечкиот Уставен суд.

Уставниот суд не потпаѓа под политичките притисоци

Тој вели дека ги разбира изјавите на некои политичари кои знаат да го коментираат системот или одлуките на Уставниот суд, бидејќи порано и самиот бил пратеник во Парламентот, но дека Уставниот суд не потпаѓа под политички притисоци и дека суди според Уставот и неговите начела.

Кога ќе прочитаме некоја изјава дека Уставниот суд нема избалансиран систем, знаеме и да се насмееме, вели Мозетиќ, коментирајќи ја изјавата на еден политичар од левицата дека Уставниот суд влече „кон десно” и дека личи на кривата кула во Пиза.

– Јас сум ја посетил Пиза и знам дека кулата е навалена, но дали на десна или на лева страна, тоа зависи од која страна ја гледаш, рече Мозетиќ.

Би можело да ве интересира

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Вучиќ: Никогаш не сум бил љубител на комунистите, но гробот на Тито останува во Белград

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја