Во Словенија пристигнаа 300.000 заштитни маски донација од кинеската компанија Алибаба, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Камионот со маските беше лично пречекан од министерот за одбрана Матај Тонин, кој што кажа дека тие се навистина потребни и дека веднаш ќе бидат распоредени онаму каде што тие недостасуваат, пред се во некои медицински центри.
Инаку, Словенија прави интервентен увоз на заштитни маски и опрема, откако се појави недостаток од истите. Дополнително долго најавуваната набавка од еден и пол милиони маски кои требаше да пристигнат од Германија пропадна, откако полицијата откри дека се државата била измамена.