Просечен Словенец минатата година на работа поминал 1.640 часа, односно 6,8 часа дневно, според податоците на ОЕЦД.
Организацијата вели дека словенците и пред 12 години работеле повеќе од седум часа на ден.
Од друга страна пак Словенечкиот државен завод за статистика вели дека вработените работат 6,2 часа дневно.
Во извештајот се наведува дека бројот на одредени работни часа минатата година, во однос на 2011 година се намалил за 4,7 проценти.
Професорот на Економскиот факултет во Љубљана, Јанез Малачиќ, тврди дека Словенија не е никаков исклучок во Европа, каде што веќе подолго време е присутен трендот на намалување на бројот на работните часови, поради растот на продуктивноста, додека работните денови се просечно многу долги во САД и Азија.
Елена Георгиевска