Словенечкото Собрание на вонредна седница утре ќе гласа за новата влада

Од:

Словенечкото собрание утревечер на вонредна седница ќе гласа за новата влада предводена од Јанез Јанша.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, до петок пред соодветните собраниски комисии треба да заврши сослушувањето на сите 16 кандидати за министри.

За владата на Јанша да ја добие довербата на пратениците, потребно е најмалку 47 пратеници да гласаат „за”. Според тоа колку пратеници има новоформираната коалиција, сосема е извесно дека во петок Словенија ќе добие нова влада.

Најголем дел од кандидатите за министри веќе извршувале таква функција, а дел биле пратеници во Собранието.

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски