Словенечкиот Парламент ќе се изјасни за недовербата на Владата на Јанша

Од:

Словенечкиот Парламент денеска на вонредната седница ќе се изјасни за процедурата за гласање недоверба на Владата на премиерот Јанез Јанша, по одлуката донесена од Колегиумот на шефовите на пратеничките групи во Собранието.

Доколку биде усвоена процедурата гласањето за недоверба се очекува доцна во попладневните часови, како и гласањето за доверба на мандатарот за составување нова влада, вршителот за должноста претседател на Позитивна Словенија, Аленка Братушек.

Пратениците најпрво ќе се изјаснат за кандидатурата на шефот на пратеничката група на Социјалдемократите Јанко Вебер за нов претседател на Парламентот, по што следува расправата за постапката за гласање недоверба на Владата на Јанша.

Вонредната седница ќе почне со воведно излагање на шефот на пратеничката група на ПС Јани Медерндорфер кој ја покрена процедурата за гласање недоверба на Владата на Јанша. По Модерндорфер на пратениците својата програма ќе им ја претстави Братушек, по што обраќање ќе има Јанша.

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски