Словенечкиот парламент денеска го одобри договорот за намалување на платите во јавниот сектор, што претходно беше потпишан од Владата и синдикатите, како и владиниот договор за зголемување на Данокот на додадена вредност, јави Танјуг.
Парламентот во Љубљана ги прифати мерките за фискална консолидација со 49 гласа „за“ и 32 гласа „против“.
Договорот меѓу Владата и синдикатите предвидува мерки за штедење од 208 милиони евра во 2013 и 2014 година преку постепено намалување на платите и кратење на бонусите, започнувајќи од месец јуни.
Стандардната стапка на ДДВ ќе биде зголемена од 20 на 22 проценти, а најниската стапка од 8,5 на 9,5 отсто, заклучно од 1 јули.