Словенечки медиум: ФБИ истражува сомнеж за перење на ирански пари во Словенија

Од:

Агенти на американското Федерално истражно биро (ФБИ) во Словенија истражуваат евентуално перење ирански пари, во кое наводно е вмешана и српската Влада, објави словенечката телевизија НОВА 24.

Телевизијата посочи дека целата операција на перење на парите се одвивала преку Нова Љубљанска Банка (НЛБ) и траело од 2009 до 2011 година. Во малверзациите била вклучена и српската Влада.

Телевизијата НОВА 24 веќе побара официјални информации од словенечкиот премиер Марјан Шарец.

Во саботата на љубљанскиот аеродром Брник слета американски таен авион. Според дел од словенечките медиуми со летот пристигнале 20 истражители на ФБИ.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Мал авион исчезна над Словенија

Катерина Ѓуровски

Сенатот ја oдобри номинацијата на Каш Пател за директор на ФБИ

ФБИ откри илјадници нови документи за атентатот на Кенеди

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор