Поради кризата во Словенија беа намалени платите на повеќето службеници во државниот сектор, а и највисоките државни лидери не се исклучок.
По втор пат во последните месеци Словенците ги намалија платите на претседателот и на премиерот.
Претседателот Борут Пахор сега ќе добива 5.596 евра плата, а до неодамна неговите месечни приходи беа 5.867 евра. Платата на Пахор е многу пониска од онаа на поранешниот претседател Данило Тирк, кој примаше 6.355 евра.
Намалена е и платата на премиерот Аленка Братушек, која сега добива 5.476 евра, а минатиот месец платата и беше 5.741 евро. И нејзините приходи се пониски од оние на поранешниот премиер Јанез Јанша, чија плата изнесуваше 6.238 евра.
Тоа најново намалување на платите ќе важи до следното лето, а ако ситуацијата во земјата се подобри, ќе биде разгледно зголемување на платите.