Синдромот Кавасаки пристигна и во Албанија, го имало починатото дете од Ковид-19

Од:

Во Албанија, вчера, меѓу 15-те починати од Ковид-19 беше и 16- месечно бебе. Во официјалното соопштение, Министерството за здравство и социјална заштита објави детали за смртта на бебето, споменувајќи ретка болест што ја влошила состојбата на детето.

Од таму потврдуваат дека детето починало како последица на Ковид-19 и оти било следено и третирано во ковид центарот во Клиниката за педијатрија, каде биле утврдени и клинички знаци на сидромот Кавасаки.

-Неговата состојба се влошила во рок од 24 часа и потоа беше испратено на интензивна терапија каде што, и покрај лекувањето со целосна терапија за третман и напорите на лекарите за реанимација, не можеше да преживее, како резултат на компликација (Мултисистемски воспалителен синдром), меѓу најретките компликации што се среќаваат кај децата како резултат на Ковид -19, стои во соопштението на Министерството.

Во Албанија вчера Ковид-19 беше дијагностоциран кај 836 лица, што е највиска бројка на заразени во еден ден, починаа 15 лица, исто така највиска бројка досега, додека во списокот на оздравени беа впишани 490 лица.

Би можело да ве интересира

Повторно раст на новозаразени со Ковид-19 во Албанија, надлежните апелираат за имунизација

Албанија ги укина сите анти-ковид мерки

Катерина Ѓуровски

Плеврис: Не се покренува прашањето за рестриктивни мерки за Солун и поширокиот регион

А1он

Во Црна Гора нови ковид мерки, приоритет вакцинацијата

А1он

Во Албанија пристигнаа 100 илјади дози вакцини „Астра зенека“ донација од Грција

Албанија не планира укинување на полицискиот час