Симиќ: Почнаа активностите за формирање на ЗСО

Од:

Претседателот на „Листа Српска“ Славко Симиќ се заблагодарил на косовскиот премиер Иса Мустафа и на претседателот Хашим Тачи, што независно од противењето на дел од албанската заедница на Косово, конечно нашле храброст јавно да го поддржат процесот за формирање Заедница на српски општини и почетокот со работа на Оснивачкиот совет на Заедницата.

– Задоволен сум од фактот што договорот на коалицијата, Демократската партија на Косово,Д емократскиот сојуз на Косово и Листа српска почна да се спроведува, изјави Симиќ, јави телевизијата Клан Косова.

Според истиот извор, тимот задолжен за формирање на Заедницата го сочинуваат Игор Каламар, Дејан Радојковиќ, Винка Радосављевиќ и Светислав Дурлевиќ. Радослављевиќ и Дурловиќ доаѓаат на местото на Љубомир Мариќ, кој сега е министер во косовската влада и Драган Јаблановиќ, актулен претседател на општина Лепосавиќ.

Заменик министерот за локална самоуорава Бајрам Гецај, изјави дека оваа екипа е дел од инситуциите на Косово и оти ќе функционира единствено во координација со Владата и меѓународните мисии на Косово.

Формирањето на Заедница на српски општини е предвидено со првиот договор за нормализција на односите меѓу Србија и Косово од 19 април 2013 година.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Граѓаните на Македонија јадат најмногу благо во регионот

(ВИДЕО) Им сечеле глави на кучиња и ги замрзнувале: Страшни снимки од прифатилиште за животни во Србија

А1он

(ВИДЕО) Хорор од Белград го шокираше светот: Уапсен татко кој брутално ја претепа својата ќерка тенисерка на тренинг

А1он

Курти за „Ла Република“: Постои опасност од нова војна меѓу Косово и Србија

А1он

Мицотакис за прислушувањето на Андрулакис: Погрешно беше, не требаше да се случи

А1он