Турција денеска беше погодена од земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот на земјотресот е во провинцијата Елазиг, на длабочина од 16 километри, објави порталот „Хуриет“.
Засега нема извештаи за повредени или материјална штета.
Министерот за внатрешни работи на Турција, Али Јерликаја, потврди за земјотресот и рече дека екипи на итните служби и надлежни институции почнале да го скенираат теренот.
🔔#Earthquake (#deprem) M5.0 occurred 25 km S of #Karakoçan (#Turkey) 7 min ago (local time 17:03:58). More info at:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/rC0iENuIMx
🖥https://t.co/tPvPR7zKuH pic.twitter.com/0HiKde76uR— EMSC (@LastQuake) November 8, 2024
„Засега немаме негативни состојби. На граѓаните погодени од земјотресот им даваме целосна поддршка. Господ да ја заштити нашата земја и нашиот народ од катастрофи“, се наведува во соопштението.