Сијарто: Унгарија сака побрза интеграција на Западен Балкан

Од:

Унгаријаа сака Европска унија и НАТО да ја забрзаат интеграцијата на земјите од Западен Балкан, изјави денеска шефот на унгарската дипломарија Петер Сијарто.

– Забрзувањето на процесот на присоединување е гаранција за безбедноста, истакна Сијарто на прес-конфернецијата со неговите колеги од Централна и Источна Европа и Западен Балкан.

Тој доаде дека „нестабилен и тензичен Западен Балкан е ризик за цела Европа“.

– Ние имаме барања поврзани со тоа, наведе Сијарто.

Будимпешта, 11 октомври 2017 (МИА) – Унгаријаа сака Европска унија и НАТО да ја забрзаат интеграцијата на земјите од Западен Балкан, изјави денеска шефот на унгарската дипломарија Петер Сијарто.

– Забрзувањето на процесот на присоединување е гаранција за безбедноста, истакна Сијарто на прес-конфернецијата со неговите колеги од Централна и Источна Европа и Западен Балкан.

Тој доаде дека „нестабилен и тензичен Западен Балкан е ризик за цела Европа“.

– Ние имаме барања поврзани со тоа, наведе Сијарто.

На министерскиот состанок на земјите од Вишеградската група и земјите од Западен Балкан што се одржува во Будимпешта учествува и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Годинашниот состанок во Будимпешта се одржува во рамките на Унгарското претседателство со Вишеградската група, а исто така се поканети да учествуваат и министрите за надворешни работи на Естонија, Романија и Словенија. Централна тема на состанокот е евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан.

Вишеградската група – В4, која ја сочинуваат Полска, Чешка, Словачка и Унгарија, е традиционален поддржувач на европската перспектива на Балканот. Тоа се потврдува и со одржувањето на редовни есенски состаноци на министрите за надворешни работи во формат В4 и Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Новите санкции на ЕУ против Русија носат отстапки за Унгарија

Одложена е исплатата од Планот за раст на ЕУ за Македонија и земјите од Западен Балкан

Орбан: Торнадото на Трамп го промени светот, десницата е иднината

Гренел: УСАИД непромислено потроши милијарди за Западен Балкан

Кошта: Иднината на Западен Балкан, Молдавија и Украина е во ЕУ

Орбан: Будимпешта нема проблем со „филозофијата на санкции“ кон Русија