Сијарто: Можно е рестартирање на „Јужен поток“ по изборите во Бугарија

Од:

По одржувањето на предвремените парламентарни избори во Бугарија, можно е да стане збор за рестартирање на проектот за изградба на гасоводот „Јужен поток“, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

– Мислам дека треба да ги почекаме изборите во Бугарија, за да видиме каква ќе биде бугарската поизиција. Враќањето во живот на проектот е во интерес на Унгарија. И не само на Унгарија, туку и на Србија, Босна и Херцеговина и на самата Бугарија, изјави Сијарто.

Тој нагласи дека сите држави од Западен Балкан и од Централна Европа се заинтересирани за обнова на проектот „Јужен поток“.

Проектот „Јужен поток“ предвидуваше дистрибуција на природен гас од Русија преку дното на Црното Море до Бугарија, а потоа од таму преку Србија и Унгарија до Средна Европа, со можни краци кон Македонија и БиХ.

Во декември 2014 година Русија објави дека го откажува проектот „Јужен Поток“, поради спорот со ЕУ околу неговата изградба и ја најави изградбата на гасоводот „Турски поток“, кој треба да пренесува гас од Русија преку дното на Црното Море до северозападна Турција.

Превремените избори во Бугарија се закажани за 26 март.

Би можело да ве интересира

Новата германска влада подготвува казна за Орбан

Орбан: Брисел се подготвува за војнa

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски

Орбан: Европската Унија денес е лав без заби, без ресурси и автономна сила

Се подготвува воен сојуз меѓу Србија и Унгарија

Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит на загинатите во Кочани