Шулц – Јункер: Откако балканската миграциска рута се затвори, сега сме пред договор со Турција за бегалците

Од:

Претседателите на Европската комисија и на Европскиот парламент, Жан-Клод Јункер и Мартин Шулц, пред вечерашниот и утрешен Самит на Европскиот совет во Брисел одржаа прес-конференција на која потврдија дека Европската унија е пред конечен договор со Турција за ставање крај на бегалскито бран во Европа, поради влошената состојба ан мигрантите по затворањето на балканската рута.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Јункер и Шулц потврдија дека генералниот секретар на Советот на Европа, Торборн Јагланд исто така дал „зелено светло“ за договор на ЕУ со Турција и дека истиот е според меѓународните закони, законите на Унијата и според Женевската конвенција.

– Убеден сум дека ќе постигнеме договор со Турција денеска или утре и би сакал да кажам дека договорот што го постигнавме со земјата на 7. март не е комплетиран. Единствно е сигурно дека истиот ќе го почитува европското право и Женевската конвенција, што го потврди и ген-секот на Советот на Европа. Исто така, ќе се отстрани и загриженоста на Европарламентот дека азилантските барања ќе бидат третирани индивидуално, а не колективно и според процедура. Оваа криза е европска одговорност и индивидуалниот пристап не носи никаде. Ќе дојдеме до добар резултат, иако тоа не може да се гарантира, истакна Јункер.

Првиот човек на Европскиот парламент, Мартин Шулц, пак, додаде дека има долга листа на мерки што ќе се дискутираат денеска и утре во Европскито совет и дека има многу основни одлуки како визната либерализација и отворање на нови поглавја од пристапните прегвоори на Турција, како и за парите што ќе им се дадат за помош на Турција да се справи подобро во земајта со бегалската криза од што сега е случај.

– ЕП, јасно, има одредени очекувања за тоа што е договорено со Турција да биде според меѓународните стандарди. Важна е изјавата на Советот на Европа дека предлогот е компатибилен со меѓународните стандарди и ЕП ќе се согласи со тоа. Ни треба гаранција за индивидуална оценка на барањата за азил и во исто време, сите имаме интерес дека криумчарите на луѓе ќе бидат разбиени. Па, ако луѓето кои се бегалци доаѓаат регуларно во Европа, за нив ќе има процес и тие ќе имаат шанса да бидат преместени, релоцирани. Подобро е за нив да живеат со такво уверување, отколку да бидат во рацете на криумчари, истакна Шулц.

Претседателот на Европарламентот додаде дека „регуларниот начин е вистинскиот начин“ и дека тоа, според него, треба да го знаат сите што ќе тргнат кон Европа. Ако ЕУ постигне договор со Труција, според Шулц, можно е релокацијата да успее, но само со партиципација на сите земји-членки на ЕУ, иако има земји кои не сакаат да партиципираат во релокацијата.

– Убеден сум дека имаме добар предлог, компатибилен со меѓународното право и стандардите. ЕП ќе партиципира во легислативниот процес, но јасно е дека имаме временска рамка за визна либерализација со Турција што ќе бара напори, бидејќи ќе се очекуваат преземање на 72 мерки од турска страна за да биде исрпатен предлог до ЕП и ЕС за отстранување на визите.: Во однос на финансиите, ние сме подготвени да ја забрзаме процедурата Турција да ги добие трите милијарди помош, но земјите-членки на Унијата треба да знаат дека ни требаат повеќе пари, потсети Шулц.

Жан-Клод Јункер, исто така додаде дека и досега турските власти рабoтат силно против криумчарите и потсети дека во јануари и февруари оваа година турските власти уапсиле 750 криумчари, а дури 3.500 лица претходната година. Според претседателот на Еврокомисијата, турските власти реагираат и имаат волја за тоа, а бегалците ќе знаат дека доколку користат услуги на круимчари дека има голема шанса да бидат вратени во Турција. „Дали тогаш тие би платиле 1.500 долари на криумчар, знаејќи дека ќе биде вратен во Турција?“, запраша Јункер, додавајќи дека ова е начин да се смени тоа.

Мартин Шулц се надоврза дека ЕУ нема да ги казнува бегалците во иднина, туку само ќе ги регистрира, сместува во камп и или ќе ги релоцира или преместува во земја на ЕУ. Тоа според претседателот на законодавниот дом на Европската унија не е казна, туку поддршка.

– Но тоа е можно само ако сите земји-членки на ЕУ направат места да примаат луѓе и да ги третираат соодветно. Балканската рута е затворена, границите се затворени, луѓето доаѓаат, еве ги има многу во Идомени. Грција не може повеќе да направи, иако 22. zемји од ЕУ во исто време критично го напаѓаат нашиот прелдог, но тие сепак не преземаат бегалци. Време е за акција и да им помогнеме на бегалците,  алармираше Шулц.

На крајот нa прес-конференцијата, Јунекр и Шулц заеднички ја поздравија иницијатива на руското лидерство за воено повлекување од Сирија, напоменувајќи дека се очекува ова да го намали бројот на бегалци што доаѓаат во Еворпа, но дека рано е да се каже конкретно нешто повеќе. Исто така, двајцата ЕУ-челници потврдија дека разговарале со претседателот на Кипар, Никос Анастасијадис и дека се очекува Кипарците да не стават вето на договорот ЕУ-Турција.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Орце Костов

Невреме доаѓа во Македонија – Црвен метео аларм на Балкан, поплави, ризик од торнадо, противградни ракети нема да помогнат