Штрајк на вработените во железничкиот и поморскиот сообраќај во Грција

Од:

Бродовите и возовите во Грција денеска нема да сообраќајот, поради штрајк на вработени во поморскиот и железничкиот сообраќај.

Вработените во компаниите во овие сектори ќе учествуваат во 24 часовен штрајк, објавен за 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот од двата најголеми синдикати во земјата – на вработените во приватниот сектор ГСЕЕ и во државниот сектор АДЕДИ.

За денеска е планиран и протест пред зградата на Парламентот од прокуминистичкиот синдикат ПАМЕ.

Фериботните компании поради празниците планираат вонредни маршрути и измени на часовите на сообраќање со цел да ги опслужат патниците за време на првомајските и велигденските празници. Патниците, кои имаат билети за бродови до островите за 1 мај, се повикуваат да се поврзат со туристички агенти, а со железничката компанија треба да се консултираат патниците кои имаат билети за воз.

Проблеми во сообраќајот ќе има во Атина, со оглед на тоа што автобусите и тролејбусите ќе се движат од девет до 21 часот, по што ќе се вклучат во штрајкот. Метрото почнува со работа во девет часот, но нема да сообраќа до меѓународниот аеродром.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Морничав случај во Грција: Син го запалил телото на татко му, делови пронајдени во корпа

Мицотакис: Во овие околности меморандумите нема да се ратификуваат во грчкиот Парламент

Маринакис: Другата страна не ги почитува основните работи, односно името на земјата, која не се вика Македонија, туку Северна Македонија

Каселакис: Меморандумите се позитивни за Грција и од геополитички и од економски причини

Сè додека трае оваа ситуација нема да ги ратификуваме меморандумите, повторно порака од Грција

Катерина Ѓуровски

Грчкиот Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија меѓу Скопје и Крф

Катерина Ѓуровски