Штетите од поплавите во БиХ се над 1,5 милијарди евра

Од:

Специјален тим од Европската унија, Светска банка, ОН и од Босна и Херцеговина во кој беа 110 луѓе синоќа ја заврши проценката на штетите од поплавите во државата. Според нив штетата е над 1,5 милијарди евра, објави Дневни аваз.

Извор кој побарал анонимност изјавил за весникот дека таа оценка е значително повисока од првичните прогнози за 1,3 милијарди евра.

Извештајот за штетите ќе биде основа за голема донаторска конференција во Брисел во првата половина на јули. Се очекува на таа донаторска конференција да се обезбедат околу една милијарда евра помош за БиХ.

Главниот дел ќе бидат најверојатно поволни кредити, а дел неповратна помош. Останатите средства БиХ треба сама да ги обезбеди.

Би можело да ве интересира

Големи поплави зафатија делови од Мека и Медина во Саудиска Арабија

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

(ВИДЕО) Силно невреме во Грција: На неколку места е прогласена вонредна состојба

Горан Наумовски