Штетата од поплавите во Србија над 800 милиони евра

Од:

Директната штета од катастрофалните поплави кои неодамна ја погодија Србија изнесуваат 810,1 милиони евра, додека губитоците изнесуваат 661,9 милиони евра, се наведува во официјалниот извештај за проценката на штетата од поплавите кој го усвои Владата на Србија, а кој ќе биде претставен на донаторската конференција во Брисел на 16 јули.

Извештајот, во кој увид имал Танјуг, покажува дека вкупната штета и губитоците од оваа природна катастрофа изнесуваат 1,53 милијарди евра. Две третини од тој износ отпаѓаат на производствените сектори, каде проценетата штета и губитоци изнесуваат 1,07 милијарди евра.

Голема штета и губитоци се регистрирани во земјоделството 107,9 милиони евра, односно 120,1 милион евра, а потоа следуваат трговијата со штета од 169,6 милиони и губитоци од 55, 2 милиони евра.

Голема е штетата и во социјалниот и инфраструктурниот сектор.

Потпретседателот на српската Влада Зорана Михајловиќ вели дека извештајот ќе биде претставен на донаторската конференција во Брисел и оти тоа ќе биде можност сите заинтересирани да помогнат.

– Веќе имаме донатори и во овие два месеца и донаторски пари. Тука, сосем сигурно, се и парите од кредитот, кои ќе се пренасочат за поитни проекти за патната и железничката инфраструктура, изјави Михајловиќ за Танјуг.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија