Шестмина загинати при потонување на чамец со имигранти кај Кос

Од:

Најмалку шест лица загинаа утрово при потонување на чамец со имигранти северно од грчкиот остров Кос во Егејското Море, објави атинската телевизија Антена.

Истиот извор наведува дека спасувачките екипи досега пронашле тела на тројца мажи, две жени и едно бебе.

Еден од имигрантите кој се наоѓал на чамецот успеал да доплива до Кос и за настанот ги известил грчките власти. Според него, во чамецот имало десет лица.

Операцијата за потрга по останатите имигранти, во која се вклучени брод на Европската агенција за управување со надворешните граници (Фронтекс), хеликоптер и чамец со волонтери, продолжува.

Би можело да ве интересира

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море