Шестмина упасени за противзаконско доделување пензии на Србија

Од:

Српската полиција уапси шест лица под обвинение за злоупотреба на службена положба, со што му нанеле штета на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Србија во висина од 70 милиони динари (605.000 евра), јави државната телевизија РТС.

Според српското Министерство за внатрешни работи, уапсените се однесени на распит во Јавното обвинителство.

Тие се осомничени дека во перидот од 2007 до 2014 година на поголем број лица противзаконски им овозможиле добивање пензии.

Според обвинителот за организиран криминал Милко Радисављевиќ, „криминалната група за паричен надомест во износ од 300 до 700 евра по година“, им впишувала фиктивен стаж на лица на кои им недостигале по неколку години за остварување право на пензија.

На лицата кои на овој начин стекнале право на пензија им биле издавани решенија дека работеле во некои државни препријатија или институции, како „Белградски водовод и канализација“, „Електордистрибуција-Белград“ и Институтот за тарансфузиологија.

При проверките е утврдено и дека некои од лицата кои оствариле право на пензија никогаш не ни работеле во фирмата или институцијата од каде им е впишан работен стаж.

Според Обвинителство, со издавањето на ваквите решенија осомничените оствариле личен профит во износ од 125.000 евра.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија