Шести ден блокади на северот на Косово, владата на Србија решава за испраќање барање до Кфор

Од:

На северот на Косово и Метохија ноќта помина мирно, но се уште е тензично јавува РТС.

Србите кои протестираат поради апсењето на поранешниот полицаец Дејан Пантиќ се уште се на барикадите. Косовската полиција не дозволува премин преку Јариње и Брњак.

Кризниот штаб во Митровица апелираше до граѓаните да истраат и да останат смирени. Владата на Србија денеска ќе донесе одлука за испраќање барање до КФОР за обезбедување присуство на српските сили на северот на Косово.

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера се сретна со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина и други регионални прашања од Западен Балкан, Мирослав Лајчак и заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар.

Ескобар за РТС изјави дека загриженоста на луѓето кои се наоѓаат на барикадите на северот на Косово се „легитимни, а во некои случаи и оправдани“.

Тој додаде дека САД го отфрлаат враќањето на српските сили на Косово бидејќи се против, како што вели, милитаризацијата на проблемот, а наместо тоа се залага за дијалог и повтори дека Вашингтон се залага за формирање Заедница на српски општини

Би можело да ве интересира

Прифатено барањето на Србија, ќе се одржи вонредна седница на Советот за безбедност на ОН

Влада на Косово: Посветени сме на целосна нормализација на односите со Србија и меѓусебно признавање

Стејт департмент: Забележливо повлекување на српските сили долж административната линија

Катерина Ѓуровски

Уапсен Милан Радоичиќ

Катерина Ѓуровски

Курти: Србија работи на воени планови за анексија на Косово

(ВИДЕО) Петковиќ покажа слика од убиениот Србин: Егзекуцијата е извршена лице в лице

Катерина Ѓуровски