Шест лица повредени во пукотници во Сараево

Од:

Шест лица се повредени во пукотници што се случија синоќа во кафе бар во сараевската населба Добриња, а според локалните медиуми мета на нападот најверојатно бил сопственикот на локалот.

Во објектот влегле двајца напаѓачи кои почнале да пукаат од пиштол и автоматска пушка.

Во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево се примени три лица со тешки повреди, а уште тројца повредени се префрлени во Општата болница.

Полицијата трага по напаѓачите.

Би можело да ве интересира

Петмина Украинци уапсени за киднапирање на сириски државјанин во Сараево

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина