Шефовите на военоразузнавачките служби во ЈИЕ на средба во Тирана

Од:

Шефовите на военоразузнавачките служби во ЈИЕ денеска во Тирана усвоија извештај за Предизвиците за кибер безбедноста за клучната инфраструктура во тој регион во Европа, извршена врз основа на собирање јавно достапни податоци.

Усвоениот извештај се занимава со проблемите на кибер напади врз клучната инфраструктура, јавно приватните партнерства во кибер безбедносната инфраструктура, регионалната и меѓународната природа на кибер безбедноста и предизвиците за воената инфраструктура како и човечкиот фактор во кибер безбедноста.

-Регионалниот совет за соработка вложува напори во истрагата на феноменот на онлајн радикализација во кибер доменот, изјави генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка Горан Свилановиќ.

Во извештајот се нагласува дека радикализацијата преку интернет е регистрирана ширум регионот. Во регионот имало околу 400 пријавени кибер напади во 2017 година.

Албанскиот заменик министер за одбрана Петро Кочи, истакна дека главни безбедносни предизвици со кои се соочува регионот на Југоисточна Европа се нелегалната миграција, кибер-нападите и радикализмот. Во тој правец тој побара поинтензивирана регионална и меѓународна соработка во соочувањето со овие предизвици.

Десетата Конференција на шефови на военоразузнавачки служби е одржана со поддршка на РСС, албанската Обранбена и разузнавачка агенција (ДИСА) и албанското Министерство за одбрана.

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Осуммина Македонци на листата 100 најбогати во регионот за 2024

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин