Сенатори на САД во посета на Белград и Приштина

Од:

Американските сенатори, демократот Крис Марфи и републиканецот Рон Џонсон најавија посета на Белград и Приштина оваа недела, како и на Украина, јави Гласот на Америка.

Марфи на Твитер објави дека тие доаѓаат во посета за поддршка на дијалогот Белград и Приштина.

– Русија не дозволува да им се придружиме, но јас и Џонсон ќе ги посетиме Украина, Србија и Косово оваа недела за да покажеме дека и демократите и републиканците ја поддржуваат новата украинска Влада и тековниот дијалог Белград-Приштина. Денеска сум во Берлин на состаноци, напиша Марфи.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео неодамна го назначи Метју Палмер за специјален претставник за Западен Балкан.

Палмер рече дека планира интензивни разговори со лидерите во регионот и низ цела Европа за Западен Балкан и очекува продолжување на дијалогот Белград – Приштина.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он