Седница на црногорската Влада за Основниот договор со СПЦ, неизвесно дали ќе се гласа по документот

Од:

Владата на Црна Гора на седницата што е предвидено да започне точно напладне ќе расправа за утврдување на Основниот договор со Српската Православна Црква, но останува неизвесно дали ќе се гласа по документот

dobivaj vesti na viber

Усвојувањето на Основниот договор го загрозува опстанокот на Владата на премиерот Дритан Абазовиќ бидејќи Социјалдемократската партија и Демократската партија на социјалистите се против Нацрт-договорот.

Усвојувањето на Договорот би можело да резултира со пад на Владата. Доколку го освои документот чиј текст е спорен за дел коалициските партии, тоа би можело да доведе некоја од партиите што се противат на договорот да покренат иницијатива за гласање недоверба на Владата на Абазовиќ. Друга можност е да се побара распуштање на Парламентот на Црна Гора, што би довело до нови избори.

Опозициските социјалдемократи (СД) веќе покренаа иницијатива за скратување на мандатот на Парламентот на Црна Гора.

Премиерот Дритан Абазовиќ синоќа за националната телевизија изјави дека ќе одлучи дали гласањето ќе се одржи денеска или, како што наведе, „евентуално тоа ќе биде спроведено на некоја онлајн седница доколку отуствуаат некои министри”.

Иако, според Деловникот на Владата, работната верзија на Основниот договор требаше да биде одобрена од Комисијата за политички систем, телото воопшто не расправало по документот.

Вчерашната средба на Абазовиќ со лидерите на партиите кои партиципираат во Владата или оние што ја поддржуваат во Парламентот, не резултираше со договор.

Претходните денови зачестија барањата за времено одложување на усвојувањето на Основниот договор, а беа одржани и три граѓански протести, со повици за протести и во пресрет на денешната владина седница.

Претпладнево започна средбата што претседателката на Парламентот Данијела Ѓуровиќ ја свика со лидерите на парламентарните партии во врска со судските избори и изборните закони, на која присуствуваа и Абазовиќ и претседателот Мило Ѓукановиќ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Ни претстои потежок период од оној во деведесеттите

А1он

Орбан: Унгарија, Србија и Австрија се тешко погодени од илегалната миграција

А1он

Горивата во Црна Гора најевтини во регионот

А1он

„Вијести“: Уапсен директорот на црногорската Управа за приходи и царини Раде Милошевиќ

Ана Ололовска

Вучиќ: Србија не воведува санкции кон Русија

Ана Ололовска

Вучиќ и Мицотакис во Софија разговараа за енергетската криза и европскиот пат на Србија

Ана Ололовска