Се затворија избирачките места во Србија, првични резултати после 21 часот

Од:

Избирачките места во Србија се затворија во 20 часот, а како што најавија од Центарот за слободни избори и демократија (Цесид), оваа организација и Ипсос Србија ги очекуваат првите изборни резултати по 21 часот.

Во Белград до 18 часот на гласање излегле 42,2 отсто од граѓаните, соопшти Цесид. Во Нови Сад до 19 часот излезноста била 46,3, а во Ниш 44,4 отсто.

Иво Чоловиќ, програмски директор на Цесид, изјави дека првите резултати од изборите во Белград, Нови Сад и Ниш ќе бидат објавени час и половина по затворањето на гласањето.

„До затворање на избирачките места ја следиме излезноста, така што по 20 часот ќе излеземе со проценка на излезноста и проценка на резултатите, во зависност од тоа колку брзо ќе се пребројат гласовите. Мислам дека после 21 часот ќе излеземе со некои од првите изборни резултати во еден од овие три града, не знам точно кој, но можеби во Ниш“, рече Чоловиќ.

Кога станува збор за Градската изборна комисија (ГИК), според Зоран Лукиќ, претседателот на ГИК во Белград, резултатите од гласањето ќе бидат објавени во текот на ноќта.

„По затворањето на сите избирачки места, кога ќе ги имаме првите релевантни податоци за изборните резултати, ќе одржиме прес-конференција, на која ќе ги соопштиме“, рече Лукиќ.

Тој посочи и дека резултатите ќе бидат двојно проверени врз основа на оригиналните записници во работата на изборните комисии, за податоците што ги објавуваат да бидат официјални и целосни.

Локалните избори се одржуваат редовно, четири години по претходните. Исклучок е Белград, каде изборите за советници се одржаа на 17 декември 2023 година, но откако не беше формирана влада во роковите предвидени со закон, изборите во Белград повторно се одржуваат.

Би можело да ве интересира

Шефот на дипломатијата на ЕУ ја предупреди Србија

Александар Шапиќ повторно избран за градоначалник на Белград

Србија го доби најмодерниот воз во Европа: Од Белград до Будимпешта за помалку од три часа

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Силно невреме со град ги зафати Босна и Србија

(ВИДЕО) Убиство во Белград: жена претепана до смрт од партнерот

Влатко Стефановски на 6 јули со концепт во Ниш ќе го прослави 50-годишниот јубилеј на сцената