Се запали автобус полн со патници на пат кон Црна Гора: „Почна да гори додека возеше во тунелот“

Од:

Во брза акција, противпожарната единица од Чајетина синоќа спаси автобус полн со патници кој се запали додека се движеше во тунел, а кој сообраќаше од правец на Ужице кон црногорското крајбрежје, информираат српските медиуми.

– Пожарот се случил во задниот дел на автобусот, во близина на моторот. Противпожарната служба брзо интервенираше и што е најважно за нас спаси животи и го локализираше пожарот. Во пожарот на возилото е причинета мала материјална штета, потврдено е за агенцијата РИНА.

Патниците кои се нашле во автобусот кој водел до Црна Гора биле брзо евакуирани.

– Се околу нас беше во чад и тешко се дишеше, само ни рекоа дека мораме веднаш да го напуштиме автобусот и што побрзо да излеземе од тунелот. Ги понесовме сите работи со нас, се плашевме огнот да не се прошири. Поминавме непроспиена ноќ чекајќи да се поправи дефектот за безбедно да стигнеме до крајната точка – изјавил еден од патниците за РИНА.

Поради инцидентот што се случи на патот кон Црна Гора, сообраќајот се одвиваше бавно, со пренасочување кон алтернативни правци.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Со големо полициско обезбедување, во Нови Сад се бира градоначалник

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац

Сијарто: Санкциите за НИС не се проблем само за Србија, туку за цела Централна Европа, Унгарија е подготвена да помогне