Претседателите на Русија и Србија, Владимир Путин и Томислав Николиќ денес разговараа во резиденцијата на рускиот претседател во Сочи.
На почетокот на разговорот Путин изразил задоволство поради состанокот со Николиќ, најавувајќи дека ќе зборуваат за билатералните односи, регионалните и меѓународни проблеми.
Тој нагласил дека контактите помеѓу двете држави се развиени и дека Србија и Русија имаат заеднички интересни проекти за кои што имаат можност да разговараат.
-Србија е задоволна со односите со Русија. Секогаш може подобро, но Србија е благодарна затоа што Русија во проблемот со Косово е на вистинската страна, на страната на меѓународното право-нагласи Николиќ.
Николиќ и Путин потпишаа и декларација за стратешко партнерство помеѓу двете држави.
Декларацијата ги дефинира кличните принципи на кои што ќе се заснова идната соработка.
Елена Георгиевска