Се продлабочува јазот меѓу Владата и претседателот на Парламентот во Грција

Од:

Критичното гласање во Парламентот за третиот пакет финансиска помош за Грција договорен меѓу Владата и кредиторите, кое се очекува да заврши во утрешните рани утрински часови, го открива степенот на поделбата меѓу претседателот на Парламентот Зои Константопулу и Владата.

Додека кабинетот на Ципрас ја нагласува важноста од ратификација на неодамнешниот договор за финансиска помош што е можно побрзо, со цел парламентите на друге членки на еврозоната и Еврогрупата да дадат зелено светло за помош за Грција, Константопулу инсистира да се следи собраниската процедура и предложи гласањето да се одржи во понеделник .

Доколку не се оди на итно гласање, според процедурата, дебатите на релевантните комисии во Парламентот требаше да почнат денеска во девет часот, а целиот процес, вклучително и гласањето, да заврши рано наутро во понеделник.

Портпаролот на парламентарната група на владејачката Сириза Никос Филис ја обвини Константопулу за „опструктивна политика“, што ќе резултира со одложување на процедурите на нејзина одговорност, и покрај писменото барање на премиерот да се забрза процесот. Портпаролот на Нова демократија во парламентот Киријакос Мицотакис, истакна дека Константопулу ја „издала укажаната доверба од другите партии“ и предупреди дека таа би можела да биде „прв претседател на Парламентот кој ќе биде разрешен“.

Инаку на денешната седница на комисијата која решава за итноста на гласањето, министерот за финансии Еуклид Цакалотос рече дека до утре мора да се заврши целата процедура затоа што утре има состанок на Еврогрупата, бидејќи парламентите на другите земји од еврозоната заседаваат за ова прашање. Тој предупреди дека ако договорот не биде изгласан денеска, Грција ќе биде принудена да го прифати решението за преоден заем на утрешниот состанок на Еврогрупата.

Би можело да ве интересира

Големи пожари избувнаа низ Грција, пристигнуваат хеликоптери за да им помогнат на пожарникарите

Горан Наумовски

Маринакис: Постои само едно толкување на ерга омнес

Катерина Ѓуровски

Грчки медиуми: Владата на Мицкоски доби доверба од Собранието – положи заклетва под уставното име

Мицкоски трипати ја нарече неговата земја „Македонија“ пишуваат грчките медиуми

Пеколен одмор во Грција: Се повеќе мртви туристи, температура над 45 степени

Предраг Петровиќ

Жена почина во Полихроно: Во несвестна состојба била извлечена од морето