Се планира намалување на платите во јавниот сектор во Словенија

Од:

Словенечкиот министер за внатрешни работи Грегор Вирант денеска изјави дека Владата оваа година планира да го намали буџетот за плати на вработените во јавниот сектор, просечно за 6,4 отсто во однос на лани.

Најмалато кратење (4,5 отсто) се планира во здравствениот сектор, а најголемо (од 7,9 проценти) во образованието и културата.

– Тоа е наша прва цел. Мораме да го намалиме буџетот за плати на јавниот сектор… други можности не гледам, истакна Вирант.

Тој додаде дека е повеќе за рационализација и линеарно намалување на платите отколку за отпуштање на вработени, но дека е се работа на преговори, кои како главен преговарач на Владата ќе ги започне в понеделник со синдикатите.

Претходната Влада најавуваше дека буџетот за плати на 160.000 вработени во јавниот сектор оваа година треба да се намали за пет отсто, со цел буџетските трошоци да се намалат и да се продолжи со планираното намалување на дефицитот на околу три отсто од бруто домашниот производ (БДП).

Синдикатите поради ваквите најави кон крајот на јануари одржаа еднодневен штрајк, тврдејќи дека платите веќе им биле намалени минатата година.

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски