Се отвораат дел од средните училишта во Грција, учениците и наставниците ќе се тестираат двапати неделно

Од:

Со потврда за негативен резултат од направениот тест за Ковид-19 за домашна употреба (селф тест) два пати седмично, задолжителна како за учениците, така и за професорите, од понеделник се отвораат дел од средните училишта во Грција, односно за учениците на возраст од 16 до 18 години.

Министерката за образование на Грција Ники Керамеос, попладнево соопшти дека новиот вид тестови што ги воведува Грција, а ќе бидат бесплатни, се задолжителни и за учениците и за професорите и ќе треба да ги прават или вечерта или наутро пред заминување на училиште, секој понеделник и четврток.

Учениците и професорите, тестовите ќе ги набавуваат од аптеките, ќе ги прават во домашни услови, а резултатите ќе се пријавуваат на специјална интернет платформа.

При негативен резултат, ќе добиваат училишна карта, што ќе биде задолжителна за следење настава, а при позитивен резултат ќе треба да се спроведе и второ тестирање, но во здравствена институција.

Алтернативниот министер за здравство на Грција Василис Кондозаманис рече дека тестовите за домашна употреба од утре, преку аптеките, ќе бидат достапни за учениците и професорите.

Досега, пристигнати се два милиони, а до следниот петок, планирано е да пристигнат уште седум милиони вакви тестови.

Кондозаманис објасни дека и селф тестовите се во категоријата брзи тестови, со таа разлика што се полесни за употреба, преку назален брис и не е потребен надзор од медицинско лице

Паралелно, на денешната прес конференција, беше презентиран и видео спот со сите упатства за употреба на новите т.н.селф тестови.

Министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас се осврна на ситуацијата со пандемијата во земјата, соопшти 3.445 нови случаи, од кои 1.670 во областа Атика и 75 починати од Ковид-19 во изминатите 24 часа, но и истакна дека вчера, имало рекорден број вакцинации, вкупно 59.969.

Од почетокот на имунизацијата до 16 часот денеска, според Кикиљас, биле спроведени вкупно 1.983.180 вакцинации, од кои над 1,2 милиони граѓани ја примиле првата доза, односно 12,53 отсто имунизациска покриеност, а 686.924 се вакцинирани и со двете дози.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Двајца мажи, бебе и девојче загинаа во сообраќајка во Грција

Горан Наумовски

Герапетритис: Доколку Северна Македонија продолжи со оваа политика, имаме средства за дополнителен притисок

Грчки граничар е ранет во престрелка во близина на грчко-турската граница

Големо невреме во Грција, громови предизвикаа нови пожари

Горан Наумовски

Која грчка плажа плени со своите карактеристики на море, планина и велелепни погледи кои пленат воздишки?

Горан Наумовски

Грција донесе итни мерки поради екстремните температури